Претседателот на САД, Доналд Трамп, за кратко Источната соба во Белата куќа ја претворил во простор за уживање во хамбургери сервирани на сребрени послужавници. Изборот бил хамбургери на американските бреднови МекДоналдс, Вендис и Бургер Кинг, а храната е служена во чест на победниците во фудбал во националното првентсво – Клемсон Тајгерс.
Трамп храната ја платил од свој џеб затоа што уште трае затворањето на владата поради конфликтот меѓу Белата куќа и Конгресот. Иако можеби сервираното не било на потребното ниво, за Трамп тоа „била омилената храна“.
-Ги сакам сите. Ова сето е добра храна. Врвна американска храна. Имаме пица, имаме 300 хамбургери, многу помфрит, се од нашата најсакана храна – рече Трамп пред да почне свечениот ручек.
Иако некои беа зачудени од сервираното, Трамп искрено им кажа дека немал друга можност од причини што е затворена владата, а салатата, очигледно не е легитимна храна според стандардите на Трамп.
Trump cheap asl 🤣🤣🤣 He really disrespected Clemson and fed dem boys fast food 🍔 🍟 💀 pic.twitter.com/oJNsdF9dHY
— Famouslos32 (@famouslos32) January 15, 2019
Comments are closed for this post.