Најмалку две лица загинале во налетот на тајфунот „Трами“ што денеска го погоди Токио, јавија локални медиуми. Тајфунот синоќа ги погоди западните делови од Јапонија, а метеоролозите предупредуваат дека на островот Хокаидо му се закануваат поројни дождови проследени со силни ветрови и лизгање земјиште.
Тој остров минатиот месец беше погоден од силен земјотрес.
Најмалку 130 луѓе се повредени во налетот на тајфунот. Две лица се водат како исчезнати, а речиси 400 илјади домаќинства се без струја.
Откажани се повеќе од 200 летови од аеродроми во северниот дел од државата.
Comments are closed for this post.