Велика Британија ќе испрати 800 војници на Арктикот поради загриженоста за зголемената руска присутност во регионот, изјави британскиот министер за одбрана Гевин Вилијамсон.

Тој појасни дека британска Влада работи на изготвување „Стратегија за одбрана на Арктикот“ која предвидува распоредување стотици командоси во Норвешка следната година и создавање нова воена база.

Според него, Русија повторно ги отворила старите бази од периодот на Советскиот сојуз кои не биле користени со години и ја зајакнала активноста на подморниците, што значи дека Британија мора да ги заштити своите интереси.

Вилијамсон рече дека британските министри за загрижени дека „додека се топи мразот на Арктикот“, рускиот претседател Владимир Путин ќе се обиде да „заземе земја и таму да ја интензивира својата активност“.

Наши ловци „Посејдон“ ќе ги следат руските подморници. Тие ќе не штитат и ќе им помагаат на нашите НАТО сојузници. И ќе продолжиме да тренираме со нашите норвешки пријатели, со 800 кралски маринци. Мораме да покажеме дека сме подготвени да се соочиме со заканите – изјави Вилијамсон.

Во ноември, Британија ќе распореди 3.000 војници во Норвешка како дел од НАТО вежби.