Во деведесеттите години од минатиот век руските власти имале специфичен метод да ги ликвидираат кримималците кои тој период беа во подем и практично ја контролираа земјата.

Тогаш Русија не беше оваа Русија која ја знаеме денеска под водство на Путин туку ја предводеше слабиот Борис Јелцин. Поради тоа полицијата формирала посебен одред наречен „Бела Стрела“ која се служела со улични методи.

Се верува во постоењето на “Белата стрела“,  е специјална единица на полицијата која работела со дозвола „од горе“. Најпознатите мафијаши во земјата за неа не беа недопирливи.

Колапсот на Советскиот Сојуз предизвика страшна економска криза и пад на животниот стандард. Организирани криминални групи се појавија како печурки по дождот. Убиствата и рекетите станаа дел од рускиот секојдневен живот.

Познавачи на случувањата во тој период тврдат дека „Белата стрела“, била државна операција против пенетрацијата на мафијата во политиката и преземање на главните суровини во земјата.