Висок службеник на Светската здравствена организација (СЗО) изјави дека таканаречените ковид пасоши не треба да се користат за меѓународни патувања, поради голем број причини, вклучително и бидејќи вакцините за коронавирусот не се лесно достапни на глобално ниво, пренесува „Ал Џазира Балканс“.
Шефот за итни случаи на СЗО, Мајкл Рајан рече дека постојат „вистински практични и етички размислувања“ за земјите што размислуваат да ги користат сертификатите за вакцинирање како услов за патување, додавајќи дека Агенцијата за здравство на Обединетите нации засега не го препорачува тоа.
Вакцинацијата едноставно не е достапна ширум светот и не е достапна на фер основа, рече Рајан на прес-конференција.
СЗО претходно забележа дека сè уште не е познато колку трае имунитетот од одобрените вакцини за Ковид-19, и дека сè уште се собираат податоци.
Истовремено, Рајан истакна дека стратегијата може да биде неправедна кон луѓето кои поради одредени причини не можат да се вакцинираат и дека барањето за воведување ковид пасоши може да овозможи „неправдата и нееднаквоста“ да бидат воведени во системот.
Comments are closed for this post.