Главниот директор на Светската трговска организација, Роберто Азеведо изјави дека слободната трговија во светот се соочува со „најлоша криза“ од 1947 година и дека сегашниот протекционистички бран е закана за слободната трговија.
Азеведо сега е во Буенос Аирес каде што се одржува самитот Г-20, и во изјава за Би-Би-Си рече дека „ова е најлошата криза не за СТО туку за целиот мултилатерален трговски систем од Општиот договор за царини и трговија од 1947 година“.
Ова е момент кога некои темелни начела на организацијата се оспоруваат и се доведуваат во прашање. Мислам дека тоа е многу сериозно, изјави Азеведо.
Според него, „начинот на комуникација“ меѓу Кина и САД мора да се префрли од „заканувачки и обвинувачки во оној за изнаоѓање решенија“.
САД и СТО во моментот се во спор поради Телото за жалби што решава трговски спорови меѓу државите. САД блокира именување во тоа тело бидејќи ја преиспитува неговата улога, и тоа тело поради тоа едвај функционира.
Comments are closed for this post.