Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг ќе остане на функцијата уште една година поради војната во Украина, соопшти денеска Алијансата, пренесе ДПА.
Столтенберг, кому годинава му завршуваше мандатот на чело на Алијансата, од септември требаше да ја преземе функцијата гувернер на Народната банка на Норвешка, за што имаше согласност од норвешката Влада.
Меѓутоа, кризата во Украина, се чини, ги смени плановите за ротирање на челното место на НАТО, па тоа што пред две недели срамежливо беше навестено, за останувањето на Столтенберг на функцијата уште извесен период, денеска и официјално е потврдено.
Comments are closed for this post.