Сопругата на новоизбраниот украински претседател Володимир Зеленски, Олена Зеленски, си купила од магнатот Александар Бурјак луксузен апартман за помалку од половината пазарна цена, покажуваат имотните листови на кои се повикува Ројтерс. Зеленски е комичар и ТВ ѕвезда без политичко искуство, кој победи на претседателските избори на 21 април, како личност која не припаѓа на богатата елита и на бизнисот во Украина. Но, зделката со апартманот во луксузниот комплекс „Император“ во Јалта на Крим покажува дека семејството Зеленски ја искористила блискоста со член на истата таа елита.

Ниту Зеленски, ниту Бурјак не ја коментираат зделката.

Олена Зеленска (40 г.) е сценаристка во студиото „Квартал 95“, кое го емитува серијалот „Слуга на народот“ во кој нејзиниот сопруг ја игра улогата на претседател на Украина. Таа го купила имотот за 163.893 долари во април 2013 година, пред анексијата на полуостровот од страна на Русија. Цената на метар квадратен била 1.263 долари, додека на огласите за апартамните во комплексот од 2012 година таа се движела меѓу 3.500 и 4.000 долари за метар квадратен.