Сопругата на Володимир Зеленски,Елена ја одби поканата од Белата куќа да присуствува на обраќањето во четврток, објави „Вашингтон пост“.
Потенцијалното присуство на Навални предизвикало вознемиреност кај Украинците.Се претпоставувало дека првата дама на САД, Џил Бајден, ќе седне покрај Елена Зеленска и Јулија Навални на средбата.
Заменик претседателот на Советот за безбедност на Русија Дмитриј Медведев го исмеа одбивањето на Елена Зеленска и „вдовицата на руски екстремист“ да присуствуваат на говорот на американскиот претседател Џо Бајден.
Во својата објава во Телеграм, Дмитриј Медведев го нарече Бајден „старец со скитничка насмевка“.
„Се покажа дека е тажно: вдовицата и не-вдовицата едноставно не дојдоа затоа што толку многу се сакаат што не сакаат ниту да седат еден до друг поради познатата хигиенска процедура. Но, најслатко е што дедо ништо не забележал. Не се ни сеќава кои се тие жени/вдовици, ниту кои се нивните сопрузи“, вели Медведев.
Comments are closed for this post.