Две постројки на саудиската државна нафтена компанија Арамко биле нападнати со беспилотни летала, објави државната новинска агенција СПА, пренесувајќи соопштение од министерството за внатрешни работи.
На објавените видео снимки се гледаат пламени јазици и чад што се дигаат од нафтените постројки, додека во позадината се слушаат истрели од огнено оружје.
Во четити часот по локално време, екипи од обезбедувањето на Арамко реагираа на пожарите во две постројки во Абкаик и во Хураис. Пожарите се брзо локализирани и ставени под контрола – наведуваат од СПА.
Одговорност за нападите изведени со 10 дронови преземаа од групата Хути во Јемен, коишто подолго време се борат против воени сили на колицијата предводена од Саудиска Арабија. Официјален Ријад во Јемен интервенира од 2015 година во рамките на поддршката за меѓународно признатата влада.
Саудиската нафтена компанија тврди дека овие постројки се најголемата фабрика за стабилизација на сирова нафта во светот. Во неа сировата нафта се претвора во петролеј, којшто потоа се транспортира во Персискиот залив и Црвеното море.
Оваа фабрика и во минатото беше цел на напади. Ал Каеда презеде одговорност за обидот за самоубиствен бомбашки напад во февруари 2006 година.
Comments are closed for this post.