Европскиот астронаут, Александар Герст, којшто е дел од посадата на Меѓународната вселенска станица објави слики од најновиот супертајфун, Трами, што се формира во западните делови од Тихиот Океан. Германецот ги објави на својот твитер профил, коментирајќи дека неверемто изгледа како „некој да извлекол огромен чеп од нашата планета“.
Гледаме уште едно големо невреме. Тајфунот од петта категорија незапирливо се движи кон Јапонија и Тајван. Погрижете се за вашата безбедност, вие доле“ – напиша астронаутот.
As if somebody pulled the planet’s gigantic plug. Staring down the eye of yet another fierce storm. Category 5 Super Typhoon Trami is unstoppable and heading for Japan and Taiwan. Be safe down there! #TyphoonTrami pic.twitter.com/4VmY2hhj2c
— Alexander Gerst (@Astro_Alex) September 25, 2018
Моменталните прогнози велат дека тајфунот ќе го погоди северниот дел од Тајван и јапонскиот архипелаг острови Рјукју. Невремето е проследено со ветер од 140 километри начас, но се очекува дека за четири дена, за кога е предвидено да ја погоди Јапонија, нејзиниот интензитет ќе опадне на категорија 4.
Comments are closed for this post.