Словачка во петокот повторно пријави рекорден број заразени со коронавирусот, поради што владата на помош ангажираше стотици војници кои ќе бидат испомош за здравствените работници и предупреди на воведување построги мерки.
Во последните 24 часа се потврдени 1.184 лица заразени со коронавирусот, соопшти владата во петокот, со што вкупниот број на заразените во земјата со 5,5 милиони жители се искачи на 16.910. Пријавени се и 57 смртни случаи со 370 хоспитализирани лица во четвртокот.
Станувам загрижен за тоа дали мерките кои се применуваат ќе бидат ефикасни со толкав голем раст на позитивни лица“, изјави премеирот Игор Матович на прес-конференција.
Владата мобилизирала околу 1.500 војници да им помагаат на локалните здравствени установи и во болнциите, со првичните 267 кои ќе бидат ангажирани преку викендот за да помогнат во пронаоѓањето на контактите на заразените лица.
Словачка досега го избегнуваше воведувањето општ карантин, но пропиша носење маски во затворени простории како задолжителна мера, ограничувањејќи го бројот на купувачите во продавниците, и наложи рестораните и кафулињата да затвораат во 22 часот. Осто така, го ограничи и бројот на присутните на спортски и други јавни настани.
Comments are closed for this post.