Скот Драмонд имал 28 години кога доживеал тешка несреќа. Итно бил префрлен во болница и на операционата маса. За време на операцијата, по грешка на медицинската сестра, тој практично починал на масата, односно доживеал клиничка смрт, а бил мртов цели 20 минути. Она што го доживеа тогаш засекогаш му го промени животот, но своето искуство го молчеше речиси четири децении.

  • Почувствував како животот го напушта моето тело. Го гледав моето тело на операционата маса, докторите се обидуваа да ме спасат. Медицинската сестра истрча од собата во солзи кажувајќи како ме убила! Бев свесен за се, но само стоев и гледав – ја започна својата исповед Скот по 39 години.

Како што рече, во еден момент почувствувал дека не е сам, почувствувал нечие присуство, но не можел да види за кого се работи.

  • Разговаравме низ мислите, имав чувство дека се познаваме. Одеднаш таа личност ме однесе на една прекрасна ливада полна со цвеќиња, мека трева беше под моите нозе почувствував неверојатен мир во мојата душа. Во еден момент, погледнав кон небото и видов бели облаци на кои беа наредени слики од мојот живот – и добри и лоши. Се засрамив поради некои, но знаев – што има – рече тој.

Скот слушнал глас кој му рекол да чекори напред.

  • Почувствував нечија рака како ја држи мојата и ги слушнав зборовите: „Сè уште не е твоето време, имаш уште работа!“ Одеднаш раката ме пушти и следното нешто што се сеќавам се вратив во моето тело. Не сакав да се вратам, беше многу убаво. Докторите тогаш ми кажаа дека сум клинички мртов цели 20 минути! Тој настан ми го промени животот засекогаш , се присети Скот.