Американскиот национален архив објави околу 13.000 документи во врска со убиството на претседателот Џон Ф.Кенеди во 1963 година, кое предизвика запрепастување ширум светот и безброј шпекулации до денеска.

Повикувајќи се на националната безбедност Белата куќа го блокирала објавување на илјада други документи. На денеска објавената архива веќе е симната ознаката тајност во декември 2021 година.

Убиството на многу популарниот американски претседател на 22 ноември 1963 година во Далас во Тексас даде повод за бројни теории на заговор, поттикнати од стотици книги и филмови како „ЏФК“ (1991) од Оливер Стоун