Претседателот на Кина Си Џипинг во четврток заминува во дводневна посета на Северна Кореја, објавија државните медиуми на двете земји.
Си во Пјонгјанг доаѓа на покана на лидерот Ким Џонг ун, јавуваат КЦНА и Јонхап, додека Кјодо истакна податок дека ова ќе биде прва посета на Си Џипинг на Северна Кореја од стапувањето на должност претседател на Кина во 2013 година.
Инаку, годинава се навршуваат 60 години од потпишувањето на договорот за воздушен и патен сообраќај помеѓу Кина и Северна Кореја.Севернокорејскиот лидер Ким Џонг ун од почетокот на минатата година Кина ја има посетено четири пати.
Comments are closed for this post.