Кинескиот претседател Си Џипинг рече дека никој не може да го промени фактот дека Тајван е дел од Кина, нагласувајќи дека Пекинг е подготвен, ако е потребно, да употреби сила како би се победиле сепаратистичките сили во Тајван.

Независноста на Тајван може да доведе до мртва точка. Кина мора да биде обединета и така ќе биде, предупреди Си Џипинг од свечениот говор во Палатата на народот во Пекинг.

Тој истакна дека луѓето на обете страни од Тајванскиот теснец треба да побараат обединување и дека независноста на Тајван би довело до катастрофа.

Сите луѓе на Тајван мораат јасно да прифатат дека независноста ќе донесе длабока катастрофа на земјата, рече Си Џипинг.

Предупредувае од Кина

Залагајќи се за мирно обединувае со Тајван, кинескиот претседател предупреди дека неговата земја нема да се двоуми да употреби сила ако тоа биде потребно, било да се работи за странско мешање или против сепаратистичките сили во Тајван.

Сакаме мирно обединувае, но нема да отсавиме простор за каков и да е облик на сепаратистичка активност. Нема да обеќам дека нема да употребиме сила и да го резервираме правото на преземање на сите потребни мерки, порача Си Џипинг.

Пекинг се залага за обединување

Кина и Тајван имаат одвоено управувае од 1949 година. Пекинг го смета островот за своја покраина и се залага за обединување. Иако одностите се подобруваат помеѓу островот и континентот во последните четириесет години, Пекинг продолжува да се заканува со употреба на сила во случај Тајван формално да прогласи независност или да дојде до надворешна интервенција на островот.

Иако двете страни денеска имаат блиски бизнис и културни врски, Тајван не покажува никаква намера да му дозволи на Пекинг да го преземе управуваето