Еден од најголемите светски нарко-босови, Зоран Јакшиќ (66) водач на Кланот  Америка е пронајден мртов пред неколку денови во затворска ќелија во Перу каде што отслужуваше 25-годишна казна затвор за шверц со дрога, Беше уапсен во 2016 година за шверц на течен кокаин во шишиња аргентинско вино „Сан Хуан“ во Грција.

 Агентите на ДЕА пронашле вакви шишиња во Буенос Аирес уште во 2007 година.Јакшиќ купил дури  и  винарија, бродови за транспорт на течни дроги во шишиња вино по море до Холандија Белгија и Грција.