Шведскиот премиер Стефан Левен изјави денеска дека официјалните лица кои се залагаат да не се воведуваат ограничувачки мерки за време на првиот бран на пандемијата во Шведска, ја потцениле виталноста на вирусот.
Мислам дека многумина не сфатија каков бран лебди над нас“, рече Левен во интервју за весникот „Афтенпостен“, пренесе АП.
До денес, во Шведска се потврдени 320.098 случаи на ковид-19 и 7.514 смртни случаи, значително повеќе отколку во соседните скандинавски земји.
Шведска сега е меѓу земјите во кои се во сила ограничувачки мерки и забрани за јавни собири.
Comments are closed for this post.