Медиумите во регионот речиси воопшто не обрнуваат внимание на случувањата во Нигер. Што навистина се случува во оваа малку позната земја во Африка.
Властите на Нигер се заканија дека ќе забранат Франција повеќе да го експлоатира ураниумот кој го има во изобилство во оваа земја. Франција, поточно нејзиниот произведувач на нуклеарно гориво „Орано“ со децении експоатира ураниум од рудниците во Нигер и го користи за своите нуклеарни реактори.
Од друга страна, Франција се закание дека ако треба и со воена сила ќе ги штити своите интереси во Нигер.
Нигер е земја без излез на море во Западна Африка, се граничи со Либија на североисток, Чад на исток, Нигерија на југ, Бенин и Буркина Фасо на југозапад, Мали на запад и Алжир на северозапад.
Зафаќа површина од речиси 1.270.000 км2 што ја прави најголемата земја без излез на море во Западна Африка. Над 80% од нејзината копнена површина лежи во Сахара. Нејзиното претежно муслиманско население од околу 25 милиони живее претежно во групи во јужниот и западниот дел на земјата. Главен град е Ниамеј.
Comments are closed for this post.