Првиот состанок на Европската политичка заедницa (ЕПЗ) ќе биде одржан денеска во Прага, Чешка, земјата која претседава со Европската Унија.

ЕПЗ е замислена е како заедница од 44 држави во кои треба да бидат вклучени 27 земји членки на ЕУ како и 17 други европски држави кои не се дел од унијата. Во ЕПЗ ќе бидат вклучени Туркије, земјите од Западен Балкан, Обединетото Кралство, Норвешка и Швајцарија.

Францускиот претседател Емануел Макрон е иницијатор за Европска политичка заедница за да  им се овозможи на земји како Украина, но и земјите од Западен Балкан кои се на листата на чекање на ЕУ поблиску да се поврзат со Унијата.

Ќе учестуваат државите од Западен Балкан,  Македонија, Босна и Херцеговина, Србија, Црна Гора и Албанија. Ќе учествуваат и Туркије, Украина, Велика Британија, Швајцарија, Норвешка, Исланд, Лихтенштајн, Грузија, Молдавија, Ерменија и Азербејџан.