Полицијата во шпанската автономна област Каталонија е во потрага по маж кој е осомничен дека планирал терористички напад во Барселона во празничните денови околу Божиќ, јави денеска весникот „Ел Мундо“.
Според весникот, се работи за државјанин на Мароко.
Регионалните агенции за спроведување на законот ги информирале дел од своите соработници, како и градската полиција, за постоечката закана. Полицијата наредила да се зајакнат мерките за безбедност на местата каде се собираат големи групи луѓе, вклучувајќи ја и улицата „Лас Рамблас“ која е популарната за туристите, но и во реонот на познатата катедрала „Саграда Фамилија“.
Според полицијата, посебно внимание треба да се посвети и на големите возила за транспорт.
Друг шпански весник „Ел Паис“, ги објави и иницијалите на осомничениот – Б.Л., кој имал 30 години и имал дозвола за возење автобус.
Во Шпанија во моментов во сила е тревога од четврти степен за терористичка закана, на скала со пет степени.
Comments are closed for this post.