Шокантни документи кои ги откриваат плановите на ИСИС да спроведат бран напади низ Европа се откриени на еден хард диск кој испаднал од терористите додека се повлекувале од нивното упориште во Сирија на почетокот на годинава.
Застрашувачките планови откриваат дека се планирале акции како таа во клубот Батаклан во Париз пред четири години кога на рок концерт беа масакрирани 130 луѓе. Две години подоцна, тие извршија злосторство на Менхетен кога џихадисти влегоа во група велосипедисти и тркачи и притоа убија осуммина.
ИСИС, како што обелоденува „Сандеј тајмс“, сега планирал реприза на такви напади и бран злосторства низ Европа, како на пример напад не брзата железница во Германија или на нафтовод во Швајцарија.
Документите имал можност да ги види „Сандеј тајмс“ и во нив има писмо адресирано до шефот на ИСИС, Абу Бакр ал-Багдади и потпишано од уште 6 лидери на ИСИС. Во планираните операции се и грабежи на банки, атентати, напади со возила и компјутерски напади.
Во документите се обелоденува како членот наречен Абу Кабаб ал-Мухаџир, кој ги контролира терористичките ќелии во Русија и во Германија, ќе ги раководи операциите во странство. Тие напади ќе се фокусираат на грабежи за да се обезбедат пари за финансирање на терористичката група.
Според откриените планови, ИСИС планира странски борци (платеници), Арапи, Руси и Кавказијци, да се префрлат во Европа од Сирија преку Турција. Првата операција била планирана 10-20 дена по испраќањето на писмото, а тоа било во декември лани. Цел на првиот напад била брзата железница во Германија, додека вториот, неколку дена подоцна, нафтоводот во Базел, Швајцарија. Дека писмото има своја тежина, потврдува податокот што во тој период во близина на Берлин е пронајдено знаме на ИСИС на една пруга, а биле оштетени комуникациски жици.
Во еден од документите стои:„Ние сме ваши војници во Европа, гледаме што непријателите на Алах им правата на муслиманските браќа куќата на исламот убивајќи и бомбардирајќи и уништувајќи куќи. Ние сме под ваша команда и ги следиме вашите наредби и вашиот меч со кој ќе ги нападнете непријателите на Алах во Европа“.
Comments are closed for this post.