Бројот на обиди за хакерски упади врз институциите на еквадорските власти се зголеми двојно и достигна 40 милиони, откако земјата му го укина азилот на основачот на „Викиликс“, Џулијан Асанж.

Заменик-министерот за телекомуникации на Еквадор, Патрисио Реал, изјави пред новинарите дека по апсењето на Асанж во четвртокот, на удар на хакерите биле и сајтовите на претседателството на Еквадор, Централната банка и Министерството за надворешни работи.

Како што соопшто Реал сајбер нападите биле изведени од неколку држави: САД, Бразил, Германија и Романија.