Месина Денаро шеф на сицилијанската мафија Коза Ностра, наречен „Дијаболик“, беше уапсен во приватната клиника „Мадалена“ во Палермо додека се подготвувал да оди на терапија
По апсењето на бегалецот следеа извици на охрабрување и аплаузи за карабинерите од десетици пациенти и нивните семејства. Неговото апсење го дочекаа и жителите на Палермо, кои аплаудираа и извикуваа „Браво, браво“ додека поминуваа полициските автомобили.
Познат е како „Ролекс“, бидејќи покрај убавите жени и брзите автомобили, сака и скапи часовници
Но, тој го има и прекарот „дијаболик“ поради неговото крваво минато.
– Можев да наполнам гробишта со моите жртви – наводно рекол своевремено. Првото убиство го извршил на 18 години, а во меѓувреме е обвинет за повеќе од 50.
Во 1993 година тој помогна да се организира киднапирањето на 12-годишното момче, Џузепе ди Матео, во обид да го одврати својот татко да сведочи против мафијата.
Момчето било заробено две години пред да биде задавено и неговото тело да се раствори во киселина.
Месина Денаро беше осуден во отсуство на доживотен затвор за неговата улога во убиствата на познатите обвинители против мафијата Џовани Фалконе и Паоло Борселино во 1992 година.
Comments are closed for this post.