ефицата на мафијата во Неапол, Марија Личарди, е уапсена денеска додека се обидувала да избега во Шпанија, објавија италијанските медиуми.
Позната по прекарот „Пиколета“ (малечка) затоа што е ниска, Личарди (70) е сестра на покојниот Генер Личарди, основач на мафијашкиот клан Камора, лоциран во Неапол.
Марија Личарди помина осум години во затвор и беше ослободена во декември 2009 година, потсетуваат медиумите, додавајќи дека тогаш го презела раководењето со мафијата.
Уапсена е на аеродромот во Рим во моментот кога го предавала багажот пред да се качи на летот за Шпанија.
Таа е обвинета за изнуда, местење аукциска продажба и други дела од мафијашки карактер, додаваат локалните медиуми
Comments are closed for this post.