Највисокиот севернокорејски дипломат во Италија, вршителот на должноста амбасадор во Рим, се крие, јавуваат светските агенции, повикувајќи се на информациите на разузнавачките служби на Јужна Кореја.
В.д. амбасадорот на Пјонгјанг во Рим, Џо Сон-Гил, побарал политички азил во некоја од западните земји. Се смета дека тој е син или зет на еден од највисоките функционери на режимот во Пјонгјнг. Во моментот нема информација каде се крие дипломатот.
Севернокорејскиот 48-годишен дипломат ја извршувал должноста во Италија од октомври 2017 година. Се смета дека тој се крие со својата сопруга. Ова е нов случај севернокорејски функционер или дипломат, кој сака да ги прекине врските со авторинарниот режим во Пјонгјанг. Обично на севернокорејските дипломати, кои служат надвор од границите, им ги оставаат членовите на нивните семејства во татковината, за да не смеат да дезертираат. Меѓутоа, според јужнокорејските медиуми, севернокорејскиот дипломат побарал политички азил во Италија уште во почетокот на декември, откако добил наредба да се врати дома во државата.
Џо беше в.д. амбасадор во Рим од октомври 2017 година, откако Италија го протера тогашниот амбасадор заради извршената шеста нуклеарна проба. Последен пат еден севернокорејски дипломат побарал зил во 2016 година. Тогаш тоа беше заменикот-амбасадор во Лондон. Различни се медиумските информации каде се крие дезертираниот дипломат. Според едни, тој веќе се наоѓа во некоја западна држава, а според други, веќе добил азил во Италија. Според непотврдени информации, Џо во Рим бил заедно со сопругата и децата.
Comments are closed for this post.