Седум луѓе загинале, а девет се повредени при експлозија на импровизирана бомба на југоистокот на Турција. Детонацијата се случила во моментот кога поминувало возило со поголем број локални жители, соопштија од канцеларијата на гувернерот на покраината Дијарбакир.

Претпоставките се ека експлозивот го поставиле припадници на Работничката партија на Курдистан – се наведува во соопштението.

Бомбашкиот напад се случил во местото Кулп, што се наоѓа на 120 километри од градот Дијарбакир.