Педесет загинати и најмалку двесте луѓе се исчезнати откако во петокот пукна рударска брана во југоисточниот дел на Бразил, што предизвика и страв од ширење отровен отпад и можно загадување на животната средина.
Немаме повеќе детали бидејќи сè се случи многу брзо, изјави Авимар де Мело, градоначалник на најблискиот град Брумадинхо.
Бразилската телевизија емитуваше снимки од преживеани кои на сигурно биле пренесувани со хеликоптер по катастрофата во рудникот Феијао, во близина на градот Брумадинхо, на два часа од главниот град на државата, Бело Хоризонте.
BREAKING: Dam breaks in southeast Brazil, causing an unknown number of casualties https://t.co/oqt9yV3gpm pic.twitter.com/7aOXavjm2B
— BNO News (@BNONews) January 25, 2019
Меѓу исчезнатите се и стотина рудари, кои во моментот на катастрофата ручале во административниот дел на рудникот, од каде биле однесени од надојдената вода, изјави бригадирот на пожарникарната служба Педро Аихара.
Видео снимки кои се споделуваат на социјалните мрежи прикажуваат домови затрупани во кал, а делови од градот се евакуирани.
Uma barragem de mineração se rompeu no início da tarde desta sexta-feira (25) em Brumadinho.https://t.co/fCwZryeXWP
🎥Reprodução WhatsApp pic.twitter.com/HJpprlvHzC
— Jornal Hoje em Dia (@jornalhojeemdia) January 25, 2019
Претседателот Жаир Болсонаро напиша на Твитер дека жали поради овој инцидент и информира дека испратил тројца министри во таа област.
Comments are closed for this post.