Врховниот суд на Германија побара проверка на уставноста на законот за забрана на бракови на малолетни лица, јавуваат германски медиуми.

Врховниот суд заклучил дека законот за забрана на бракови со малолетници, донесен во 2017 година како реакција на големиот број бегалци од култури во кои такви бракови се вообичаени, е неспоив со уставните одредби за заштита на семејството и бракот.

Според тој закон, сите бракови со малолетни лица или меѓу малолетни лица во Германија се неважечки по автоматизам.