Француската полиција употреби солзавец и водени топови за да им се спротивстави на илјадниците демонстранти , кои направија хаос во центарот на Париз.
Насилните протести почнаа претппладнево, кога илјадници французи излегоа на улиците да го искажат својот револт од високите цени на горивата.
,,Жолтите елеци” во еден момент се обидоа да го пробијат полицискиот кордон , по што настана тепачка низ Елисејските полиња. Демонстрантите палеа возила, гуми, фрлаа запалени факели и камења по полицијата.
Од таму возвратија со водени топови и солзавец , но не успеаја да ги растераат демонстрантите. Тие по околните улици палеа возила и кршеа се што ќе им се најде на патот.
Во насилните протести, какви не се паметат во Париз до сега се уапсени над 200 лица, а има и повредени на двете страни. На протестите низ Франција учествуваа 36. 000 луѓе, од кои во Париз околу 5. 500. Затворени се 20 метро станици.
До сега полицијата соопшти дека има шестмина повредени полицајци и 14 демонстранти.
Comments are closed for this post.