Во Русија во деведесеттите години кога на власт беше Борис Јелцин важеше законот на улицата. Криминал и убиства имаше на секој чекор. Еден од најпознатите платени убијци од тоа време е со прекар Саша Македонски

Станува збор Александар Солоник кој ликвидирал 43 криминалци.Прекарот го добил поради тоа што пукал на македонски начин ,термин кој влезе на рускиот јазик во 19 век, за човек кој пука од два пиштоли истовремено.

Александар е роден е во 1960 година и во раните 1980-ти години бил вработен во полицијата, но бил ослободен по шест месеци поради суров третман со уапсените. Некои извори велат дека тој никогаш не планирал детално убиство и бил воден од интуиција

По бранот ладнокрвни убистваизбега во Атина и живеел со својата 22-годишна девојка Светлана Котов. Заедно беа убиени кон крајот на 1999 година.