Министерот за внатрешни работи на Италија, Матео Салвини денес обвини дека постои договор меѓу коалициските партнери и Демократската партија да го тргнат од Владата и оти тој заговор е договорен минатиот месец со поддршка на германската канцеларка Ангела Меркел и францускиот претседател Емануел Макрон како и претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лејен.
Тврдокорниот евроскептик и лидер на десничарската Лега, конкретно објасни дека договорот е направен помеѓу Демократската партија (ПД) и Движењето пет ѕвезди (М5С), Силвио Берлускони, Емануел Макрон и Ангела Меркел да и дадат поддршка на Урсула фон дер Лејен за претседател на ЕК, објави британски Ескпрес. Тој тврди дека тоа бил почетокот на анти-Салвини коалицијата меѓу М5С и ПД кои сега преговараат нова италијанска влада.
Јас на тоа возвраќам со силата и гордоста на Лега и нејзината одлука, зашто дигнитетот, честа и заедништвото вредат повеќе отколку илјада министерски места“, рече вчера во Сенатот, Салвини.
Инаку, во моментов преговорите за новата влада се во прекин, зашто двете партии се скараа околу поделбата на министерските места.
Comments are closed for this post.