Трговскиот дефицит на САД во 2018 година достигна највисоко ниво во последната деценија, со рекорден минус со Кина, и покрај царините, кои администрацијата на претседателот на САД, Доналд Трамп ги воведе за да воспостави рамнотежа.
Американското Министерство за трговија вчера соопшти дека растот на трговскиот дефицит на земјата во декември изнесувал 18,8 отсто, што го зголеми минусот од 891 милијарди долари минатата година и е досега најголем во историјата на земјата.
Трговскиот минус е зголемен и покрај протекционистичка трговска политика на Белата куќа, со која, како што вели Трамп, „се обидува да ги заштити американските производители од нефер странска конкуренција”.
САД минатата година воведе царини на кинески артикли во вредност од 250 милијарди долари, а Пекинг одговори за американски стоки во вредност од 11 милијарди долари.
Трговскиот дефицит на САД со Кина, сепак, се зголеми за 11,6 отсто, а сега изнесува 419,2 милијарди долари, најмногу во историјата.
САД во 2018 година имаше рекорден увоз од 60 земји ширум светот, а листата ја предводат Кина, Мексико и Германија.
Вредноста на увозот во САД минатата година изнесуваше 2.600 милијарди долари.
Comments are closed for this post.