Американскиот претседател Доналд Трамп најави дека САД може да распоредат до 15.000 војници на границата со Мексико за да спречат влегување на карвани со централноамерикански мигранти кои бегаат од сиромаштијата во своите држави.
Што се однесува до карваните мигранти, нашата армија е распоредена. Имаме окоу 5.000 војници и ќе распоредиме уште 10.000 или 15.000, нагласи Трамп.
Два карвана со околу 6.000 луѓе од Централна Америка, се наоѓаат на југот од Мексико и се движат кон американската граница, каде што мигрантите планираат поднесување барање за азил.
Пентагон досега одобри распоредување на околу 5.000 војници на границата САД-Мексико на кои ќе им се придружат околу 2.100 веќе мобилизирани припадници на Националната гарда.
Comments are closed for this post.