Пратеникот на САД за Венецуела, Елиот Абрамс го предупреди претседателот на Венецуела, Николас Мадуро, дека каква било акција против самопрогласениот привремен претседател на земјата, Хуан Гваидо, ќе претставува „многу глупав потег“.
Безбедноста на привремениот претседател Гваидо е загрижувачка. Некое време режимот не преземаше мерки против него и се надевам дека тоа е затоа што препознаа дека тој има поддршка од мнозинството граѓани на Венецуела и би било исклучително глупав потег да дејствуваат против него – изјави Абрамс.
Тој додаде дека САД ќе продолжат да вршат притисок врз Мадуро да поднесе оставка, преку воведување нови санкции и откривање скриени средства на тајни банкарски сметки.
Доколку имаат сметка и во Москва, ќе дојдеме и до неа – истакна Ејбрамс.
Comments are closed for this post.