Амбасадата на САД во Киев ги поздрави Украинците за формирањето автокефална православна црква. Објавата беше на официјалната страница на дипломатската мисија на Твитер.

Ја поздравуваме Украина за историскиот собор и формирањето  независна Украинска православна црква и силно го поздравуваме митрополитот Епифаниј за неговиот избор за челник на новата црква. Го поддржуваме правото на сите Украинци да веруваат по сопствено убедување – се вели во соопштението.


Цариградскиот патријарх Вартоломеј планира да  му врачи на митрполитот Епифаниј томос (указ) за автокефалност на 6 јануари.