Додека Западот губи терен во Африка, Москва го зајакнува своето влијание преку нова воена формација – Африканскиот корпус, наследник на Вагнер. Оваа единица, под директна контрола на руското Министерство за одбрана, веќе дејствува во Мали, Централноафриканската Република, Нигер и Буркина Фасо.
За разлика од Вагнер, кој беше неформална група, Африканскиот корпус претставува организирана и дисциплинирана структура на руската држава. Во неговите редови се вклучени елитни офицери и поранешни вагнеристи, а нивната задача е да им помагаат на африканските нации во борбата против бунтот и тероризмот, кои се проширија по повлекувањето на француските и другите западни трупи.
Во Централноафриканската Република, руските инструктори со години им помагаат на властите да ја стабилизираат земјата и да ги заштитат институциите. Тамошните власти истакнуваат дека благодарение на Москва, бил спречен целосен колапс на државата, додека западните сили само гледале како регионот тоне во хаос.
Comments are closed for this post.