Рускиот ученик Тимур Кималетдинов извршил масакар во својата семејна куќа убивајќи си ја мајката, бабата и дедото и братот и сестрата близнаци. Тој овој злосторство го направил пред да си го одземе животот, бидејќи знаел дека тие ќе бидат тажни кога тој би бил мртов, пренесува британски Мирор.
Крвавиот пир го извршил со секира, а причината е наводно тоа што неговата мајка поминувала повеќе време со близнаците кои биле мали.
Во писмото кое го оставил на трпезариската маса напишал дека го „сака неговото семејство, посебно бабата Лидија и дедото Виктор и дека е штета што ќе ги убие“. Во текстот навел дека убиството го сторил бидејќи не сакал да биде „тажен“ заради неговата и смртта на неговите блиски роднини.
Шеснаесет годишниот студент своите „најсакани“ ги убил во креветот, а потоа на својата пријателка Евгенија и оставил гласовна порака велејќи дека било „лесно“ да се убие.
Момчето редовно победувало на академските натпревари за талентирани студенти во својот регион. Тимур соседите го опишале како „гордост на неговото семејство“ заради сите негови успеси.
Comments are closed for this post.