Директорот на руската вселенска агенција „Роскосмос“, Дмитри Рогозин вели дека Русија ќе организира мисија на Месечината за да провери дали Американците навистина биле таму.

Советскиот сојуз во седумдесеттите години се откажа од програмата за одење на Месечината откако им експлодира четири ракети.

Што се однесува до Американците, во научните кругови се уште има теории дека тие воопшто не отишле на Месечината туку дека слетувањето е направено во телевизиско студио.