Руската влада забрани извоз на руска нафта и нафтени деривати за Украина, соопшти прмиерот Дмитриј Медведев, пренесува ТАСС.
Мерката е одговор на проширените трговски санкции од страна на Киев заради изградбата на Керчинскиот мост на Крим. Полуостровот беше анектиран од Русија во 2014 година. Украина и голем број држави во светот го сметаат актот за незаконски.
Медведев појасни дека се воведува и забрана на увоз за одредени украински производи поврзани со машинската, металопреработувачката и лесната индустрија, чоја вредност минатата година достигнала 250 милиони долари.
Рускиот премиер исто така објасни дека некои руски производи ќе можат да се извезуваат во Украина само со посебна дозвола, како на пример јаглен, нафта и нафтени деривати.
Пред неколку дена Украина воведе нови ограничувања за увоз на руски стоки поврзани со железничкиот транспорт и производи од стакло.
Comments are closed for this post.