Руското Министерство за надворешни работи соопшти дека Франција, Германија, Канада и САД само ги повториле лагите кои Лондон ги изнесе во врска со одговорноста на Русија за нападот врз поранешниот шпион Сергеј Скрипал и неговата ќерка Јулија, наведувајќи дека таквиот нивни став е „за жалење“.

Реакцијата следи по заедничкото соопштение на четирите земји, кое беше објавено во четвртокот, во кое тие ги поддржуваат наводите на Велика Британија дека нападот е “скоро сигурно“ одобрен од руската влада, пренесува Ројтерс.

Британија пред два дена обвини двајца руски државјани за труењето на Скрипал.