Претседателот на Франција Емануел Макрон денеска е во официјална посета на Хрватска.Тој беше пречекан на највисоко ниво од претседателот Милановиќ и премиерот Пленковиќ.

 

Но забележително беше што во Загреб не допатува неговата сопруга Брижит.

Тие имаат неверојатна љубовна приказна и се многу поврзани. Имаат заеднички распоред и од минута во минута знаат што прави другиот.

Тие се убедени дека нивната врска ја подобрува нивната индивидуалност. Претседателот оди во кревет откако разговара со жена која е заљубена во него. Таа понекогаш дреме и воопшто не слуша што ѝ кажува, но најчесто го чека. Макрон и се јавува на сопругата на секој час и половина, а сите одлуки и чекори ги преземаат заедно. Инаку Емануел има 43 години а Макрон 68 и му била учителка како мал.

За првата дама на Франција, младоста и врската со сопругот е напишана книга  од француската новинарка Маел Брун.

– И двајцата се многу интелигентни, поврзани на различни нивоа и, со сето тоа, сепак многу заљубени. И двајцата сакаат книги и читање и нивниот пристап кон животот е токму тоа. Кога разговарате со Брижит или Емануел, нивниот говор е полн со литературни алузии. Мојата книга не е политичка книга, туку книга за љубовта. Кога ги гледав заедно, а често ги гледав, секогаш се допираа и бакнуваа по образ – откри авторот на книгата.

Зборуваат кога и колку можат, дење и ноќе. Нејзината канцеларија се наоѓа во женското крило на приземјето на Елисејската палата, а неговата е на првиот кат, па често се гледаат – наведува авторката.

Иако Макрон е близок со својата мајка, улогата на мајката како Брижит за нејзиниот сопруг се провлекува низ книгата неколку пати. Авторот истакнува дека мајката на Макрон и Брижит, која е три години помлада од нејзината свекрва, имаат пријателски односи. Емануел напишал и еротски роман за својата сопруга пред да ја освои.

Кога родителите на Макрон дознале за неговите чувства, го испратиле во „прогонство“ во Париз, каде што решил Брижит да покаже и докаже зошто е добар избор за неа.

Тие се во брак од 2007 година, а тие посвоија и куче по име Немо.