На 95-годишна возраст почина Роберт Мугабе, првиот претседател на Зимбабве откако земјата стекна независност. Веста за смртта ја потврди неговиот наследник, актуелниот претседател Емерсон Мнангагва, кој го нарекол Мугабе 0икона на ослободувањето.

Со длабока тага објавувам дека почина еден од основачите на Зимбабве и поранешен претседател, Роберт Мугабе“, рекол Мнангагва. Неговото семејство соопшти дека Мугабе починал по долгогодишно боледување во Сингапур, каде што изминатите години често одел на лекување.

Мугабе беше водач на движењето за ослободување на Зимбабве од владеењето на белото малцинство. Мугабе, кој владееше со оваа јужноафриканска земја речиси четири децении – од стекнувањето независност од Британија во 1980 година, беше принуден да поднесе оставка во ноември 2017 година по воениот пуч.