Фотографијата на агенцијата АФП на која се гледа како британскиот премиер Борис Џонсон на средбата во Елисејската палата со претседателот на Франција, Емануел Макрон, става нога на маса, предизвика бура од негодување. Но, сепак, не било така како што на прв поглед изгледа. За среќа.
Иаше коментари од типот, па овој британски премиер нема никакв почит за Франција и ред други нешта.Но, фоторепортерот на Ројтерс, кој исто така бил на настанот, вели дека фотката настанала во моменти кога Макрон во шега му рекол на Џонсон дека масичките можат да послужат и да се спружат нозете. На тоа Борис одговорил со шега, односно ја кренал ногата тоа да го покаже, а токму во тој момент чкрапнал фотоапартот и го фатил во незгоден момент. Всушност Босис Џонсон не ја ставил ногата сосе чевелот на масичката.
WATCH: Here’s the Reuters video of Boris Johnson putting his foot on the Elysee furniture. It seems President Macron was making small talk suggesting the table would work equally well as a footstool should the PM want to recline, which Johnson then jokingly does pic.twitter.com/dnv37t9mS4
— Tom Rayner (@RaynerSkyNews) August 22, 2019
Comments are closed for this post.