Антивирусното лекарство „Ремдесивир“, кое се користи за болничко лекување на пациенти со Ковид-19, на производителот Gilead Sciences во третото тримесечие веќе му донел добивка од речиси 900 милиони долари, соопшти фармацевтската компанија, пренесува АФП.
Благодарение на продажбата на овој медикамент, првично создаден против хеморалгичната треска од ебола, компанијата забележа раст на тримесечниот обрт од вкупно 17% или 6,58 милијарди долари. Gilead Sciences пресмета нето добивка од 360 милиони долари.
„Ремдесивир“, чие трговско име е „Veklury“, е едно од првите лекарства, кои покажаа реална ефикасност во скратувањето на времето за опоравување на пациентите, хоспитализирани од коронавирусот. Меѓутоа, се уште не е докажано дека ја намалува смртноста.
Американската агенција за лекарства (FDA) на 22 октомври издаде постојана дозвола за користење на лекарството, со што тоа стана единствено за лекување на Ковид-19 во САД. Европа и други држави го одобрија уште пролетоска.
Comments are closed for this post.