Едно лице е убиено, а неколку се повредени во напад со нож во близина на црква во Ница, пренесуваат француските медиуми.

Францускиот министер за внатрешни работи Жерал Дарманен изјави дека во тек е полициска акција во Ница, пренесува „Ројтерс“.

Градоначалникот на Ница, Кристијан Естроси, потврди дека наводниот сторител е уапсен и ѝ се заблагодари на полицијата за брзата реакција.