Австралиските власти ги предупредија граѓаните да избегнуваат престој на отворено поради рекордно високите температури што овие денови ја зафатија земјата.
Во делови на државите Нов Јужен Велс и Западна Австралија регистрирани се ноќни температури од рекордни 33 степени Целзиусови.
Државниот метеоролошки завод соопшти дека дневните температури достигнуваат и до 45 степени.
Највисоки температури, покрај во овие делови, се очекуваат и во државите Тасманија и Викторија.
Избегнувајте физичка активност, пијте доволно течности, тоа е најважно овој период, порача директорот за здравје во Владата на Нов Јужен Велс, Ричард Брум.
Comments are closed for this post.