Речиси 200 држави се договорија синоќа на конференција во Катовице за правилата за примена на клучниот глобален договор за борба против климатските промени потпишан во 2015 година во Париз.
Договорот е постигнат по две недели разговори и две години работа. Учесниците успеаја да надминат политички разлики за да постигнат консензус за деталните рамки на Парискиот договор.
Цел на договорот е ограничување на порастот на средната вредност на температурата во светот на „многу под“ два степена Целзиусови во однос на времето пред индустрискиот развој.
Пред почетокот многумина очекуваа дека договорот нема да биде доволно остар. Составен е правилник од 156 страници поделен во теми. Критичари тврдат дека договорот не е доволно амбициозен да спречи опасни последици од глобалното загревање.
Comments are closed for this post.