Руските воени инженери го модифицираа системот за противвоздушна одбрана „Панцир“  па така што тој стана многу поефикасен во борбата против цели кои досега во голем број успеваа да ја избегнат ПВО.

„Панцир“ е специјално развиена противвоздушна наведувана ракета за пресретнување со краток дострел, што значително ги проширува можностите за борба против масовни мали цели. Станува збор за цели како што се беспилотни летала, ракети МЛРС (повеќецевни фрлачи кои истрелуваат голем број проектили за краток временски период), прецизно оружје и проектили испукани од авиони и хеликоптери.