Рускиот претседател Владимир Путин денеска соопшти дека во текот на минатата година специјалните служби ги неутрализирале активностите на стотици шпиони и информатори, пренесува АФП.

Во говор пред офицери од Федералната служба за безбедност, чиј шеф беше пред да стане претседател во 1999 година, Путин изјави дека странските разузнавачи ги засилиле своите активности во Русија.

Благодарение на успешно спроведени специјални операции, активностите на 129 шпиони и 465 информатори се спречени во текот на 2018 година, подвлече тој и дополни дека странски служби со сите можни средства се стремат да добијат политички, економски, научни и технолошки информации.